Додека во поголемиот дел од светот 5G мрежата сеуште не е започната со користење, некаде нејзините корисници се бројат со милиони.
Се очекува продажбата на 5G телефони да достигне 8,4 милиони уреди во Јужна Кореја оваа година, бидејќи производителите практично се натпреваруваат кој ќе понуди подобра цена за уредите кои подржуваат 5G мрежа.
Проценката е дека 5G телефоните ќе сочинуваат дури 48 проценти од вкупниот пазар на телефони во Јужна Кореја, а минатата година нивниот удел бил 28 проценти.
Бројот на претплатници на 5G мрежата во оваа земја е 5,77 милиони минатата недела, според официјалните државни податоци, објави сајтот Gadgets now.
Корејските мобилни оператори, во своите услуги вклучиле и 5G мрежа минатиот април.
Исто така, се очекува дека таму на пазарот оваа година ќе се појават уште 13 нови модели на телефони кои поддржуваат 5G мрежа.