3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen забележа пораст на продажбата за 5,5 проценти

Volkswagen забележа пораст на продажбата за 5,5 проценти

vw1

Најголемиот европски производител на автомобили „Volkswagen“ соопшти денес дека е задоволен од работата во првата половина од годината, бидејќи се зголемила продажбата за 5,5 проценти.

„Испораката на возила порасна во првите шест месеци од 2013 година на 4,7 милиони возила од 4,45 милиони во истиот период лани“, наведува компанијата, а пренесува агенцијата Франс Прес.

Само во јуни групацијата продала 827.800 автомобили во светот, што е за 3,7 проценти повеќе во однос на јуни минатата година.

„Volkswagen“ оствари задоволувачки напредок, иако трговските услови не беа секогаш поволни. Меѓутоа, економската клима и понатаму е тешка, особено во Европа. Влегуваме во втората половина од годината со верба во себе, но свесни сме за огромните предизвици кои се пред нас“, рече шефот за продажба на компанијата Кристијан Клингер.

Продажбата на возила од марката „VW“ во првите шест месеци од оваа година е зголемена за 4,4 проценти на 2,91 милиони автомобили, а најголем раст на продажба е евидентиран во Кина.

Продажбата на „Audi“ истовремено порасна за 6,4 проценти на 780.500 возила, со значаен раст, исто така, во Кина.

Германската групација во овие шест месеци, заклучно со јуни, продала 81.600 автомобили од марката „Porsche“. Продажбата на „Skoda“ паднала за 5,8 проценти, а на „Seat“ пораснала за 11,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП