27 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликација која присуството на коронавирусот го детектира преку анализа на гласот

Апликација која присуството на коронавирусот го детектира преку анализа на гласот

Тим на експерти од универзитетот Карнеги Мелон ја претставија раната верзија на апликацијата COVID Voice Detector, за која се тврди дека може да ги препознае оние кои имаат COVID-19, а само преку анализа на гласот.

Целта е да се создаде достапен начин за препознавање на болеста, а ќе биде доволно корисниците да изговорат нешто во микрофонот на телефонот, за апликацијата да утврди дали се заразени. Алгоритмите сè уште се во фаза на развој, а креаторите тврдат дека би можеле да станат драгоцени алатки во следењето на понатамошното ширење на вирусот. Од корисниците се бара да кашлаат во микрофонот на телефонот или компјутерот, и да ги декларираат буквите од азбуката, по што апликацијата исфрла резултати кои го информираат корисникот за тоа колку е веројатно дека има COVID-19.

Новата апликација сè уште се отвора со предупредување дека не се работи за сигурно средство за поставување дијагноза, и дека не може да биде замена за лекарски преглед и тестови кои ги одобри Светската здравствена организација. Понатаму се истакнува дека апликацијата никогаш нема да биде сигурна како земањето на брис, но кога ќе биде готова може да послужи за прв преглед и да контролира голем број на луѓе во рекордно време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП