28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛуѓето посрамени кога откриле колку време поминуваат со мобилен телефон

Луѓето посрамени кога откриле колку време поминуваат со мобилен телефон

Времето во карантин и домашна изолација ни остава многу време за нови активности. Меѓутоа, некои вишокот слободно време го користат да ги удвојат, па дури и да ги утројат минутите и часовите поминати на мобилен телефон.

Неодамна, корисниците на iPhone урдите ги добија своите неделни информации за тоа колку време бил уклучен екранот на телефонот. Ова предизвика многу нови објави на социјалните мрежи, особено за “ефектот на коронавирусот”.

Сосема логично, времето поминато на мобилен телефон се зголемил како резултат на мерките за социјално дистанцирање кое се препорачува од сите страни. Луѓето сè повеќе се вртат кон социјалните мрежи и слични начини да останат во контакт со своите најблиски,  објави Independent.

Затоа некои корисници на Твитер споделија скриншотови на кои се гледа како користењето на телефони скокнало за повеќе од 200 проценти од влегувањето во самоизолација, па коментираа дека се чувствуваат “засрамени”.

Додека некои веруваат дека би требало да ги исклучиме ваквите известувања за дополнително да не се стресуваме и околу тоа, други тврдат дека токму тие “им ги отвориле очите”, па ќе се одлучат да направат пауза од своите уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП