19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДневен хороскоп 03.04.2020

Дневен хороскоп 03.04.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот ќе ви биде обележан со тензични ситуации кои ќе ви предизвикаат голем стрес. Сведете ја нетрпеливоста на минимум за да избегнете поголеми невољи, особено кога станува збор за односот со шефот или вашиот партнер.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Расположението ви расте, свесни сте дека можете да сметате на голема поддршка од пријателите бидејќи сте го заслужиле тоа. Ве очекуваат пријатни моменти и мали изненадувања кои ви ги подготвува партнерот.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Соберете ги нештата што сте ги направиле во изминатиот период, резултатот ќе ве направи горди. Стимулот од пријателите и семејството дополнително ќе ве поттикне. И во љубовта ви претстојат пријатни настани.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес можно е да навлезете во расправија на работното место која навистина ќе нема крај. Нема да знаете чија страна да заземете. Премолчете некои нешта со цел ситуацијата да не ескалира во вистински проблем. По напорниот ден најдете време за одмор.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Љубовниот живот ќе ви биде во центар на вниманието. Главна тема ќе ви бидат лагите и премолчувањата, без оглед дали се ваши или на партнерот. Ќе бидете во непријатна ситуација и нема да можете да и се посветите на работата.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Долго им одолевавте на импровизациите и ги форсиравте своите идеи. Сега кога туѓото решение е најнеповолно, вие морате да го прифатите. Мирот и спокојот ќе ги најдете во љубовта.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Кога никој нема да знае како понатака, на вас ќе ви дојде спасоносна идеја. За да ја сочувате хармонијата подготвени сте да дадете се од себе. Бидете рационални не ги преценувајте вашите способности.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете доста бавни, но главно ќе успеете да завршите се што мислите дека е неопходно. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Кога ги договарате работите, однапред утврдете ја цената. Во спротивно, ќе ви се случи да ја завршите работата, да ја испорачате, а дури отпосле ќе сфатите дека цената која ја нуди клиентот за вашата работа е целосно неприфатлива. На љубовен план станувате се поромантични и заљубени.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Емоционалната сигурност и довербата во партнерот сега ви е најпотребна. Ќе го збуните партнерот со своите несовесни или ладни реакции кои тој нема да знае објективно да си ги објасни. Можно е да доцните со извршувањето на обврските.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Создадете си концепт за работа. Колку повеќе лични работи решите, толку подобар резултат ќе добиете. Не почнувајте ништо за да му угодите на некој, слушајте ги вашите желби, ова е поволен ден за вас.Вашата финансиска состојба се влошува.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП