25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle подготвува бесплатна конкуренција на Netflix?

Google подготвува бесплатна конкуренција на Netflix?

Наводно, Google работи на нова функција за својата апликација Play Movies, која на корисниците би можела да им овозможи бесплатно гледање на стотици филмови, но со овозможени реклами.

За оваа пишуваат сајтовите XDA Developers и 9to5 Google, кои, наводно, имале увид во делот од кодот на новата верзија на Play Movies апликацијата. Како што пишуваат, во еден дел од кодот јасно гласи „Над стотици филмови, со неколку реклами“.

Како што велат, и другите линии на кодови понатаму говорат во прилог на оваа функција.

Сепак, не е јасно, какви филмови би можеле да бидат во понудата, но веројатно не би требало да се надеваме на најновите холивудски остварувања со оглед на тврдењата дека филмовите ќе бидат бесплатни.

Треба да нагласиме дека Google сè уште официјално не објави ништо за бесплатните филмови во рамките на апликацијата Play Movies. Сепак, ако овие тврдења се вистинити, тоа би можело да биде почеток на конкуренција на Netflix, Disney + и слични платформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП