понеделник, јануари 25, 2021
1 °c
Skopje
1 ° пон
0 ° вто
0 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
GRNT 1,145.00 -0.22%    KMB 7,630.00 -0.52%    MPT 74,000.00 0%    
Почетна КОМПАНИИ

„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

март 27, 2020
во категорија КОМПАНИИ, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
„Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Предизвиците со кои сите земји моментно се соочуваат, вклучително и нашата, поради глобалната пандемија со корона вирусот, укажуваат дека ова е битка што може да се добие само доколку секојдневно се практикува заедништво и се обезбедува поддршка на секому што е потребна. Во таа насока, медицинските работници сега и во периодот што следува ќе бидат на најистурените позиции во борбата со Ковид-19 и затоа е потребно секој од нас да биде солидарен со нив и да им помогне во секоја можна прилика.

За таа цел, „Виталиа“ донира пакети здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал во Клиниката за инфективни болести во Скопје.

– Секој што припаѓа на медицинскиот кадар во земјава, без разлика дали тоа се доктори, сестри или останати вработени во здравствените установи, се на првата линија на одбраната од корона вирусот. Со нивните непрекинати напори, безрезервен труд и максимално вложување, тие ни даваат пример дека само со меѓусебна поддршка можеме да ја пребродиме оваа кризна состојба. Наша должност е да се грижиме за медицинските работници, онака како што најдобро умееме – со сет од здрави продукти кои ќе им помогнат во одржување на добра психофизичка кондиција како и заштитна опрема која е неопходна во оваа заедничка борба со корона вирусот – велат од „Виталиа“.

Пандемијата со корона вирусот има глобални размери, но нејзините економски ефекти се чувствуваат и на локално ниво, кај секоја компанија и сите граѓани.

– Овие денови и недели сите споделуваме иста судбина и со заеднички сили водиме битка со невидлив непријател. Ситуацијата во која што се наоѓаме е за сите нас непозната, дури нѐ принудува да држиме растојание и од најблиските, само за да го зачуваме здравјето. Додека сето ова се случува, во период кога границите се затворени, а луѓето не можат да комуницираат како во нормални услови, ние се соочуваме со уникатен предизвик – да продолжиме да го правиме тоа за што сме најподготвени, да обезбедуваме здрава храна за корисниците, да помогнеме секаде каде што можеме, но и да ги заштитиме нашите вработени – истакнуваат од „Виталиа“.

Во таа насока, „Виталиа“ се придржува до препораките од Министерството за здравство и од Владата, и ги поздравува сите напори што се вложуваат со цел пандемијата со корона вирусот во нашата земја да има позитивен исход. Со своите активности, како бесплатната достава на здрава храна за лицата над 60 години, компанијата овозможува граѓаните да го минимизираат движењето, особено најранливите категории, да останат во своите домови и на тој начин да помогнат во зачувувањето на најважното – сопственото здравје, како и здравјето на своите сограѓани.

Компанијата истакнува дека проактивноста, како и овозможувањето поткрепа на најангажираните сегменти во борбата со корона вирусот, во овие моменти е од клучно значење. Не само во форма со која што се поддржуваат институциите, туку и преку помагање на нивниот човечки капацитет, бидејќи токму тие луѓе се најдиректно соочени со актуелната пандемија. „Виталиа“, како и досега, ќе продолжи со својот интензивен општествен ангажман, бидејќи одговорноста кон заедницата во која што работи, е еден од најзначајните принципи и мотиви на компанијата.

Тагови: виталиадониразаштитаздравјекоронавирусхрана
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Си и Трамп ги спуштаат тензиите: САД и Кина мора да се обединат против коронавирусот

Следна Објава

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Топ 20 најздрави градови во светот
СВЕТ

Топ 20 најздрави градови во светот

јануари 25, 2021
45

Креаторите на страницата money.co.uk имаа за задача да спроведат студија на тема „најздравиот град на светот“. Се разбира, земен е...

Прочитај повеќе
Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег
ЕКОНОМИЈА

Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег

јануари 25, 2021
39

На места утрово има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува...

Прочитај повеќе
Утрински напиток од оцет и мед со кој ќе ги решите овие 10 здравствени проблеми
ЗДРАВЈЕ

Утрински напиток од оцет и мед со кој ќе ги решите овие 10 здравствени проблеми

јануари 25, 2021
173

Здравјето доаѓа преку устата, а оваа комбинација е совршен и здрав утрински напиток... Медот и јаболковиот оцет делуваат благотворно поради своите...

Прочитај повеќе
Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?
ЗДРАВЈЕ

Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

јануари 25, 2021
220

Еве што ви кажува телото со оваа појава... Сите веројатно во некој момент сте го искусиле ова – во сосема...

Прочитај повеќе
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021
490

Овен (21.03 – 20.04) РАБОТА: Морате да вложите повеќе труд и напор за да започнете повторно да заработувате доволно. ЉУБОВ: Ќе бидете...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Топ 20 најздрави градови во светот

Топ 20 најздрави градови во светот

јануари 25, 2021
Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег

Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег

јануари 25, 2021
Утрински напиток од оцет и мед со кој ќе ги решите овие 10 здравствени проблеми

Утрински напиток од оцет и мед со кој ќе ги решите овие 10 здравствени проблеми

јануари 25, 2021
Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

јануари 25, 2021
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Германија прва во ЕУ ќе почне да го користи експерименталниот третман со антитела со кој се излечи Доналд Трамп

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.01.2021

јануари 25, 2021
236
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021
490
Следна Објава
Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Лекари во Вухан тврдат дека од 3 до 10 отсто од излекуваните повторно се позитивни на коронавирусот

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани