26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.03.2020

Дневен хороскоп 23.03.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денешниот ден ќе изобилува со позитивност и ведрина. Желни сте за пријатели и забава. Чувствувате наплив на емоции кои ве тераат да организирате средби со вашите блиски, но моменталната ситуација не дозволува.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така, затоа не се опуштајте премногу во трошењето.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе можете да се пофалите со голема самодоверба, па искористете ја и направете нешто смело. Претставете ги своите идеи пред колегите или облечете нешто што ќе ве издвои од толпата. Ништо нема да може да ве исплаши или предмисли ако наумите да направите некоја работа.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе стекнете нови пријатели кои исклучително многу ќе ја ценат вашата лојалност. Тоа значително ќе ја подобри вашата позиција на работното место. Ќе добиете многу понуди, но не брзајте веднаш да прифатите некоја од нив. Разговарајте со вашето семејство за ризиците на работното место, една Вага ќе ви го даде најдобриот совет околу тоа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на полошо, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака да ве импресионира.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве следи чувство на неизвесност, бидејќи соработниците често го менуваат своето мислење и одлуките. Во ситуација кога на професионален план не се случуваат новитети, ваше најдобро засолниште е партнерот. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе почувствувате налет на страсти каков што долго време не се почувствувале. Обидете се да го сокриете одушевувањето, бидејќи некој може погрешно да ве разбере. Не сакате премногу да ги откривате мислењата, но бидете свесни дека околината донекаде ги чувствува.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашиот партнер ќе биде задоволен доколку ја оставите вашата тврдоглавост на страна и почнете да ги исполнувате неговите желби. Малку попустливост од ваша страна не е на одмет. Попладневното кафе со пријателите е добар избор за денес.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Не очекувајте голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се, тоа наскоро ќе се реши.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Напнатоста денеска ќе биде доста голема во оглед на тоа колку луѓе ќе сретнете и во кои се ситуации ќе се најдете. Ќе имате силна потреба за стабилност и дисциплина, додека останатите ќе бараат само забава. Ќе останете заглавени меѓу тие два света, а никој нема да биде подготвен за компромис.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете внимателни и избегнувајте блиски средби. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП