19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКористите Facebook на компјутер? Од денес пробајте ја долго очекуваната опција

Користите Facebook на компјутер? Од денес пробајте ја долго очекуваната опција

Facebook конечно им овозможи на корисниците на десктоп компјутери да користат “dark mode”.

Како што велат, од денес е можно повеќето од оние кои го вклучуваат Facebook преку нивниот компјутер да го вклучат или исклучат “dark mode” во “settings” одделот.

Оваа функција веќе од јануари можеше да ја тестираат мал број корисници, а изгледа дека сите грешки се отстранети кои тие ги забележале.

Ако користите Facebook на десктоп компјутер, веројатно ќе можете да видите банер кој ве прашува дали сакате да се префрлите на “новиот” Facebook. И понатаму е можно да се одлучите за “класичен” Facebook.

“Dark mode” е веќе популарен во многу апликации на компанијата Facebook, па нема сомнение дека корисниците ќе бидат задоволни што ја имаат оваа можност на своите десктоп компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП