ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите од НБА ќе изгубат една петтина од платите доколку сезоната не...

Кошаркарите од НБА ќе изгубат една петтина од платите доколку сезоната не продолжи

Според инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, играчите од НБА-лигата ќе изгубат 21-24 проценти од своите плати доколку сезоната 2019/2020 не продолжи.

На 11 март, НБА-лигата ја објави суспензијата на сезоната најмалку 30 дена поради откривање на коронавирусот кај центарот на Јута, Руди Гобер. Подоцна, тестовите на соиграчот на Гобер Донован Мичел и центарот на Детроит, Кристијан Вуд дадоа позитивен резултат.

Сопствениците и менаџерите на клубовите очекуваат сезоната да продолжи не порано од средината на јуни.

НБА-колективниот договор ѝ дозволува на лигата да ја намали платата на играчите за секој натпревар пропуштен поради епидемија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП