28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАко Мбапе замине, ПСЖ ќе го донесат Марез

Ако Мбапе замине, ПСЖ ќе го донесат Марез

Килијан Мбапе бил подготвен да ги напушти Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната. Реал Мадрид не го кријат интересот за младата ѕвезда на „светците“. Наводно биле подготвени летово да урнат трансфер рекордот.

ПСЖ на напаѓачот му нудат нов договор и плата каква што има Нејмар, меѓутоа преговорите не се поместиле од почетната точка. Поради тоа во Париз започнале да бараат замена доколку Мбапе навистина реши да замине од клубот.

Челниците на клубот ќе се обидат да го донесат Ријад Марез од Манчестер сити. Алжирецот веројатно ќе добие дозвола за трансфер, бидејќи и самиот сакал да замине. Него не му се допаѓа што Пеп Гвардиола премногу ротира на неговата позиција.

Исто така неизвесна е судбината на Сити во Лигата на шампионите по казната која им ја определи УЕФА. Доколку истата ја потврди и Судот за спортската арбитража тоа значи дека клубот две години нема да игра во европските купови.

Доколку тоа се случи неколку играчи биле подготвени да заминат, а еден од нив бил и Марез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП