
Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола изрази желба баварскиот тим да потпише со халфот на Барселона Тиаго Алкантара.


Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола изрази желба баварскиот тим да потпише со халфот на Барселона Тиаго Алкантара.
„Да, ние сакаме да го доведеме. Зборував со Румениге и Замер, но немам нови информации. Ќе видиме“, изјави Пеп на прес-конференција во Рива дел Гарда, Италија, каде европскиот шампион е на подготовки.
„Никој не сака да си замине од Барса, но сите сакаат да имаат минути за настап. Тиаго сака да игра. Ова е нашата можност. Имаме многу натпревари и ни требаат многу ротации. Тиаго може да игра на позициите од 6 до 8, може да игра „десетка“, може и 11, како и 7″, сигурен е каталонскиот тренер.
„Тиаго може да игра на три или четири позиции и има прекрасни вештини еден на еден. Добро ги познавам квалитетите кои ги поседува. Тој е голем играч. Или ќе го земеме Тиаго, или никого. Замер и Румениге ја знаат причината поради која го сакам Тиаго. Тој е супериграч“, категоричен беше стратегот.
Денес авторитетното шпанско радио „Кадена Копе“ увери дека 22-гдишният техничар е пред финализирање на трансферот во Баерн. Според нив неговата годишна плата ќе изнесува четири милиони евра.