24 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.03.2020

Дневен хороскоп 11.03.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Брзоплетоста е клучен збор за вашата моментална ситуација. Промените и секојдневните предизвиции бараат голема количина на одлучност. Во љубовта внимавајте на љубомората и кавгите кои би можеле сериозно да го оптеретат односот.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Најдобро би било да се посветите исклучиво на неопходните дневни обврски и да се одморите. Посветете му повеќе внимание на вашиот партнер, направете нешто барем тој да не ја почувствува вашата безволност. Не започнувајте ништо ново во било кој аспект од вашето живеење.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури. Некој предлог од пријател може да ве разочара.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внимавајте на партнерот кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важно патување поради кое се чувствувате добро. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на пријателите. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Промената која ќе ви се случи во текот на денот нема да ви одговара. Не сте во прилика да блескате и да бидете во центарот на вниманието. Свесни сте колку вредите, само денес едноставно не е вашиот ден.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се прашувате каде грешите. Всушност вие со вашите спсобности и харизма загрозувате некого. Единствен проблем кој може да се појави е љубомората на некој. Но и тоа за вас ќе биде комплимент.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате волја да се истакнете и да блескате, а дополнителен мотив би можело да биде некое ново лице кое неодамна сте го запознале. Ќе бидете нервозни и тензични поради обврските на работа, но на крајот на денот ќе се опуштите во релаксирачка атмосфера.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Успеавте да се изборите за некоја работа, која ви е важна и која ја сакате и сега пред вас е фаза на докажување. Овој ден е поволен и за оние кои се обидуваат да прејдат на подобро работно место. Внимавајте да не загубите некој важен документ.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не навлегувајте во полемики кои не водат никаде и поради кои повеќе пати сте доаѓале во конфликт со оние кои всушност ви се наклонети. Многумина мислат дека сте прилично наивни во работата со Ракот. Некој ќе ве навреди, а вие ќе одлучите да се осамите.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не морате да се грижите, се е на ваша страна, но со жените, без оглед кој пол сте вие, бидете внимателни, дури и со оние кои ви влегуваат во домот како пријатели. Некој премногу ќе се меша во вашата приватност, не го дозволувајте тоа.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате доста работа и обврски, а вие ќе уживате во се што ќе работите. Некои од вас ќе бидат преокупирани со средувањето на љубовните проблеми. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП