29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоследен примерок на ретка конзола продаден за повеќе од 300.000 долари

Последен примерок на ретка конзола продаден за повеќе од 300.000 долари

Редок прототип на Nintendo PlayStation конзола е продаден на аукција за 300.000 долари, плус провизија за купувачот од 60.000 долари.

Претходниот сопственик ја купил конзолата во 2009 година за само 75 долари.

Nintendo PlayStation конзолата е резултат на кратката соработка помеѓу компанијата Sony и Nintendo од 1992 година.

Дизајнот на конзолата е сличен на Super Nintendo, но е малку почист. Присутен е и ЦД-РОМ драјв, кој е наменет за покренување содржина од дискови и видео игри.

ЦД-РОМ-от не работел кога била пронајдена конзолата, но ја поправил Бенџамин Хекендорн – YouTuber познат по своите поправки на конзоли. Така сега ЦД- РОМ-от може да репродуцира музички дискови, како оригинална PlayStation конзола.

Победничката понуда на аукцијата ја дал Грег МекЛемор, кој истакнал дека сака да создаде музеј за видео игри, кој ќе содржи преку 800 слот машини и безброј други помали игри, магазини и оригинални уметнички дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП