11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоентрао обвинет за давање мито

Коентрао обвинет за давање мито

koentrao

Португалскиот интернационалец и играч на Реал Мадрид, Фабио Коентрао е под истрага поради обвинението дека давал мито за да добие возачка дозвола.

Според медиумите во Португалија, Коентрао ги подмитил членовите на испитната комисија со 2000 евра. Поради тоа играчот на Реал за ова би можел да добие и затворска казна, нормално доколку се докаже неговата вина.

Името на португалскиот фудбалер се појави во истрагата во Брага при која беа притворени голем број на членови на комисии за полагање на возачки испити.

На Коентрао за време на истрагата му е одземена возачката дозвола во неговата куќа во Паво де Вариза, иако играчот негираше за било каква вмешаност со давањето мито.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП