28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилните телефони стануваат минато?

Мобилните телефони стануваат минато?

Ејми Веб, професорка на њујоршкиот универзитет Стерн, предвидува дека мобилните телефони наскоро би можеле да исчезнат, истакнувајќи дека тоа нема да се случи за прв пат кога доаѓа до радикални промени кога модерната технологија е во прашање.

„Да се ​​потсетиме дека пред дваесет години имавме експанзија на дигитални фотоапарати и појавата на лаптопи. Кој би рекол тогаш дека за само 10 години подоцна, ќе ги имаме и двата уреди во еден – мобилен телефон. Денес, кај мобилните телефони веќе не постои голема иновација, а и продажбата опаѓа.“, изјави Веб.

Предвидува дека ќе се појават нови уреди кои ќе ја преземат функцијата на мобилните телефони.

„Денес расте продажбата на безжични bluetooth слушалки преку кои лесно се управува со мобилен. Постојат сè повеќе гаџети со кои може да се управува со говорни команди. Мислам дека наскоро веќе нема да имаме еден апарат со еден екран, како што е мобилниот телефон, туку серија апарати кои се поврзуваат со мобилен“, вели Веб.

Според нејзините проценки, можно е во наредните 10 години технолошките уреди да се поврзат со „паметни“ очила или нараквици и вели дека летото 2020 година ќе биде „почеток на добата на паметните очила“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП