25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNetflix воведува нова опција: Полесно бирање на филмови и серии

Netflix воведува нова опција: Полесно бирање на филмови и серии

Netflix има толку многу филмови и серии што сериозно почнува да пречи во сортирање на содржините. Решиле да се позанимаваат со овој проблем.

Понекогаш може да биде многу тешко да се избере следниот филм или серија за гледање. Новата Netflix функција им помага на корисниците во тоа.

Почетниот екран на Netflix апликацијата сега ќе ги прикаже првите 10 најпопуларни содржини, но функцијата за жал е ограничена само за корисници во САД. Списокот на најпопуларни филмови и емисии секојдневно се менува во зависност од тоа што е најпопуларно на платформата.

Се разбира, ова се разликува од категоријата „trending now“, која варира од корисник до корисник. Ако на корисникот не му одговара некоја серија која е високо рангирана во трендингот, помала е веројатноста дека Netflix ќе ја препорача, објави Gizbot.

Дали, и кога, оваа функција ќе пристигне во Европа, останува да се види. Барем имаме на што да се надеваме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП