19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов потег на Џоковиќ кој мами насмевки на лицето: Со децата пред...

Нов потег на Џоковиќ кој мами насмевки на лицето: Со децата пред зграда изигра партија тенис(видео)

На Новак Џоковиќ толку многу му недостасуваат тениските турнири што реши да изигра една партија со “клинците” надвор пред зграда.

После освојувањето на осмиот Австралија опен во својата кариера, Новак Џоковиќ, тенисерот број еден во светот, и понатаму продолжува да паузира од играње на турнири. Но, тоа не значи дека тој паузира од тенисот во целина. Покрај тоа, според белградскиот запис, можеме да констатираме дека тој е многу гладен за враќање на терените.

Видеото објавено од еден млад београѓанец во доцната вечер, стана вирално за само неколку часа, привлекувајќи скоро половина милион прегледи за помалку од 24 часа.

Причината е Новак Џоковиќ, кој во доцните вечерни часови пред комплексот згради во Белград, најверојатно по неговото враќање од тренинг, започна да игра тенис со тројца млади деца кои биле таму во тој момент.

Видеото на дечкото од Белград, потоа го споделиле ATP Tour и US Open Tennis.

„Секогаш е тука за децата. Светскиот рекет број 1 Новак Џоковиќ игра уличен тенис со некои деца во Белград“, пренесува US Open.

„Морате да го сакате поради ова. Тој игра тенис на улиците на Белград со локални деца“, пишува ATP Tour.

Можеби тој не е толку популарен како Роџер Федерер и Рафаел Надал, но само треба да го сакате заради таа едноставност и хуманост што ја носи светскиот рекет број еден.

https://twitter.com/LuxSaVozdovca/status/1229734314914525184?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1229734314914525184&ref_url=https%3A%2F%2Fgol.dnevnik.hr%2Fclanak%2Frubrika%2Ftenis%2Fnovak-djokovic-igrao-tenis-ispred-zgrade-s-trojicom-djecaka—594488.html

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП