19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрик со кој палачинките никогаш нема да испаднат жилави

Трик со кој палачинките никогаш нема да испаднат жилави

Палачинките се едни од најчесто правените десерти, брзо се прават и смесата е многу лесна за правење. Сепак, на многумина им се случува палачинките да им испаднат жилави, но со трикот кој ви го откриваме тоа никогаш повеќе нема да се случи.

Во рецептот според кои повеќето од нас ја прават смесата за палачинки пишува дека јајцата се ставаат цели во смесата, но ако ги одделите белката и жолчката, ќе добиете како никогаш помеки и полабави палачинки.

Постапка:

1. Направете смеса за палачинки како и обично, само со мала промена, одделете ги белките од жолчките кои ги мешате во смесата, а белките оставете ги на страна.

2. Кога во смесата ќе ги ставите сите состојки (освен белките) и добро ќе ги измешате, од белките направете помек снег (ниту мек ниту цврст) и додадете го во смесата.

3. Потоа снегот многу нежно измешајте го во смесата, по можност со мешалка. Снегот од белките на палачинките ќе им даде пенаста текстура, прекрасна мекост и леснотија. Дури и кога ќе се изладат и отстојат, вака подготвени палачинки нема да ја изгубат мекоста, односно нема да станат жилави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП