Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,359.76 9.05%    GRNT 823.80 4.28%    KMB 6,095.78 6.78%    MPT 50,291.21 8.19%    MTUR 4,400.00 0%    OHB 4,300.00 -0.15%    OKTA 3,227.04 9.25%    RMDEN15 99.00 0%    RZUS 59.00 9.26%    SBT 2,381.67 8.93%    STB 940.74 2.93%    STIL 81.00 9.46%    TEL 277.40 3.19%    TKVS 4,880.00 -0.12%    TNB 14,403.00 2.96%    TTK 1,210.00 10%    

НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик – мобилното банкарство

Време: 15:12

Датум: февруари 13, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. Станува збор за две иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик.

„Како лидер во дигитализацијата на македонскиот пазар, постојано работиме на надградба на дигиталните канали и воведуваме современи, иновативни и технолошки напредни решенија. Со тоа Банката како стабилна институција која ужива висок степен на углед и доверба, користејќи го своето искуство и знаење, полека ги добива карактеристиките на финтек компанија. Со новите функционалности на клиентите им овозможуваме да го искусат најсовремениот начин на плаќање и притоа на брз и едноставен начин да префрлат пари на своите пријатели или со нив да ја поделат сметката само со бирање на телефонски број од нивниот именик. Сега, при секое излегување во град, шопинг, посета на кино или ресторан, или за каква било друга финансиска потреба, клиентите ќе можат да платат на пријател или да ја поделат сметката, а изјавите „не носам готовина“, „го заборавив паричникот, ќе ти вратам утре“ или „јас ќе платам сега, утре ти“, со НЛБ мКлик стануваат дел од минатото“ – изјави г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.

Новите функционалности се во насока на подобрување на корисничкото искуство и имаат за цел да понудат нови, брзи и едноставни начини за плаќање, достапни во секое време. На овој начин мобилното банкарство полека го презема приматот на главен канал за извршување на сите банкарски трансакции.

НЛБ мКлик – мобилното банкарство за физички лица овозможува вршење на сите типови на трансакции, како и постојан увид во сите сметки на клиентите. Претставува основна апликација за комуникација меѓу Банката и клиентите и клиентите се во постојана интеракција со Банката преку различни нотификации за реализирани трансакции и приливи, пораки и известувањата. Апликацијата е достапна и може да се преземе на Google Play и Apple store.

Повеќе информации во врска со новите функционалности може да се добијат на следниот линк.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Еве кој вид сместување сега најмногу се бара на Airbnb

    Еве кој вид сместување сега најмногу се бара на Airbnb

    Коронавирусот прво и најсилно удри на пазарите на туризам, патувања и сместување, а денес речиси и да нема индустрија која не е погодена и загрозена…

  • Продажбата на H&M потона во март, очекуваат загуба во вториот фискален квартал

    Продажбата на H&M потона во март, очекуваат загуба во вториот фискален квартал

    Шведскиот ланец за облека H&M во петокот извести дека продажбата во март е скоро преполовена поради пандемијата од коронавирусот, предвидувајќи дека вториот фискален квартал ќе…

  • ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

    ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

    Автомобилите во Европската Унија емитуваат околу 12 проценти од вкупната емисија на јаглерод диоксид. Од 2009 година ЕУ регулативата поставува задолжителни таргети за намалување на…

  • Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

    Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

    Во состојба на голема економска и трудова неизвесност, младата популација е онаа категорија која е доста погодена, и стапката на невработеност е највисока токму кај…

  • Лукоил Македонија им доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

    Лукоил Македонија им доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

    Лукоил Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот…

  • DEZINTAL 0,2% во ново пакување

    DEZINTAL 0,2% во ново пакување

  • Македонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски

    Македонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски

    Во услови на вонредна состојба, Владата донесе уредба со законска сила за примена на електронски фактури. Со уредбата, која е донесена како мерка за превенција,…

  • ЕВН донира 200 000 евра за медицинска опрема и материјали

    ЕВН донира 200 000 евра за медицинска опрема и материјали

    Дополнителни 10 000 евра за приклучок на новата монтажна болница ЕВН Македонија донира 200 000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема…

  • Жито: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

    Жито: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

    Велешкиот трговски синџир „Жито“ донесе одлука активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет со предвремено плаќање на месечните аконтации…

  • Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social

    Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social

    A1 Македонија оди чекор повеќе во понудата за припејд корисниците на мобилната телефонија, кои сега, додека се дома, можат да ја надополнат својата сметка на…