19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy Buds Plus можат да издржат 11 часа

Samsung Galaxy Buds Plus можат да издржат 11 часа

Од оваа јужнокорејска компанија соопштија дека сега имаат индивидуални звучници за високи и ниски тонови во секоја слушалка, како да се звучниците во слушалките поголеми за 40 проценти, како што велат, допринесува на силата но и квалитетот на звукот.

Можат да траат 11 часа со постојана употреба, а доколку се дополнат во кутијата, можат да траат уште толку. Во ситуации кога ви се потребни слушалки, а ако се целосно празни може да се дополнат преку USB-C приклучок за три минути за да траат повеќе од еден час.

На себе имаат кратенки за брзо повикување апликации како Spotify на вашиот телефон. Она што го немаат е потиснување на звукот или „active noise cancellation“, но и поради тоа чинат помалку. Од 14 февруари, во продажба ќе можат да се најдат по цена од 150 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП