
Иновативен, свитлив стаклен екран, комбиниран со единствено корисничко искуство, за потполно ново доживување на реалноста


Иновативен, свитлив стаклен екран, комбиниран со единствено корисничко искуство, за потполно ново доживување на реалноста
Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. го претстави Galaxy Z Flip – нов и свитлив паметен телефон кој ќе го промени начинот на кој ги доживуваме мобилните уреди. Неговиот храбар и модерен дизајн, е како создаден за оние кои сакаат преку технологијата да ги изразат својот стил и оригиналност. Создаден со иновативно, свитливо стакло, Galaxy Z Flip буквално ги преиспитува законите на физиката, имајќи во предвид што неговиот дисплеј од 6.7 инчи се склопува со едно движење во модерен и компактен облик, доволно мал да го собере во дланката на раката. Благодарејќи на скоро невидливата шарка и специјално дизајнираното корисничко искуство, Z Flip им нуди на корисниците нови начини на кои ќе креираат, споделуваат и доживуваат содржини. Од модерниот дизајн до флексибилната камера, Galaxy Z Flip отвора потполно нова декада на иновативни свитливи телефони.

Следејќи ги стапките на Galaxy Fold моделот, кој ги отвори вратите на свитливите телефони, Galaxy Z Flip ги воведува корисниците во потполно нов екосистем на уреди, како доказ на посветеноста и одлучноста на компанијата Samsung секогаш да биде пионер кога се во прашање иновативните технологии и дизајн.
„Големата возбуда и заинтересираност на корисниците за Galaxy Fold, ни дадоа ветер во грб и храброст да одиме чекор напред – кон новиот Galaxy Z Flip модел. Сакаме да изградиме од темел категорија на свитливи телефони, нудејќи им на корисниците иновативни облици, нов дисплеј и што е најважно, потполно нов вид на мобилно искуство“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

Модата и технологијата во пресрет
Компактниот и модерен дизајн е создаден за оние кои технологијата ја гледаат како начин преку кој можат да го изразат својот стил, а сите новитети со кои се одликува Galaxy Z Flip им го овозможуваат токму тоа.

Ново свитливо искуство
Galaxy Z Flip е изграден за модерниот животен стил и за луѓето кои се постојано во движење. Овој телефон нуди многу повеќе, од повеќе агли, без употреба на рацете – единствено искуство кое не може да се мери со било кој свитлив уред што е достапен на пазарот.

Galaxy наследство и екосистем
Со обзир на тоа што припаѓа на семејството на Galaxy уреди, Z Flip ги нуди сите поволности на овој екосистем, но во потполно нов облик. Одликувајќи се со добро познатите, врвни перформанси и можности, кои се однесуваат на камерата, дисплејот, батеријата, сигурноста, како и услугите Samsung Health, Samsung Pay, Samsung Knox и многу други.
Galaxy Z Flip на корисниците им нуди прилика да уживаат во разни опции на камерата, како снимање на видео записи во 4K формат, Live Focus функции и суперстабилност. Овој паметен телефон го карактеризира оптимизираниот систем со двојна батерија која овозможува повеќе енергија, без завземање на дополнителен простор. Со безжично брзо полнење, полнење со помош на кабел, или специјалната опција Wireless PowerShare, можно е безжично да се наполнат Galaxy Buds слушалките, Galaxy Watch, па дури и телефонот на вашиот пријател.
Покрај тоа, безбедносниот систем Samsung Knox ги штити корисниците и нивните уреди, примајќи месечни и квартални извештаи за безбедноста. Исто така, на корисниците им се на располагање и услугите кои овозможуваат сигурни опции за плаќање со Samsung Pay, како и следење на здравјето и физичките активности со Samsung Health, како и пристап до над 5.000 Samsung и партнерски паметни производи како SmartThings апликацијата.

Достапност
Galaxy Z Flip од 14ти февруари 2020 година, за почеток ќе биде достапен во 12 земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави и Кореја и тоа во боите Mirror Purple и Mirror Black. Потоа, Galaxy Z Flip ќе биде дополнително претставен и во Mirror Gold нијанса, во одбрани земји. За повеќе информации, посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или https://www.samsung.com/galaxy.