20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакирани Facebook профилите на Twitter и Instagram

Хакирани Facebook профилите на Twitter и Instagram

Официјалните Facebook профили на друштвените мрежи Twitter и Instagram се хакирани, потврдено е од страна на нивните официјални лица. Претходно, истата група хакери ги компромитираше профилите на многу познати компании и организации како што се HBO, NFL и неговите клубови, но и New York Times.

Twitter прв се огласи

Првите информации за хакирање на официјалните профили на оваа компанија ги објави портпаролот на Twitter во петокот. Профилите на @Facebook и @Messenger се хакирани преку некои трети платформи. Тој изјави, дека веднаш кога увиделе дека профилите се хакирани, ги заклучиле сите профили и ја информирале компанијата Facebook за тоа, за да можат повторно да бидат онлајн. На сето ова, од компанијата Facebook не сакаа да даваат било каков коментар.

По кратко време, на официјалниот профил на Facebook на Instagram се појавила слика со порака идентична како и на Твитер. На неа пишувало: “Hello, We are OurMine“. Хакерската група OurMine се најде во центарот на вниманието, откако во 2017 година успеа да ги хакира профилите и податоците на компаниите како што се HBO и New York Times.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП