25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ"Баг" ги спречува корисниците на Windows 7 да ги исклучат своите компјутери

“Баг” ги спречува корисниците на Windows 7 да ги исклучат своите компјутери

Microsoft требаше да заврши со поддршката за Windows 7 кон средината на јануари, меѓутоа никако во целост да се одвои од својот стар пулен. Од друга страна, излегува дека не можат ни некои персонални компјутери, бидејќи многу корисници на Microsoft форумот Reddit објавија дека нивните компјутери со Windows 7 системи не можат да се исклучат како и обично.

Наводно, на нив се појавува пораката „вие немате дозвола да го исклучите овој компјутер“. Наводно, некои корисници успеале да го заобиколат овој проблем, меѓутоа, сепак проблемот не е целосно решен. Од Microsoft, во еден момент се јавија со известување дека е во прашање баг на Windows, а не некоја трета апликација.

Во очекување на решавање на овој проблем, Microsoft по дополнителното ажурирање на овој проблем веројатно навистина ќе биде последен пат да се занимава со Windows 7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП