ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси најзаслужен за триумфот на Барселона на гостувањето кај Бетис

Меси најзаслужен за триумфот на Барселона на гостувањето кај Бетис

Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци синоќа во победата со 3:2 на Барселона на гостински терен кај Бетис, но Аргентинецот асистираше при сите три гола на Каталонците.

Меси има шест асистенции на последните четири натпревари. Тој претходно имаше едно додавање по кое е постигнат гол во Купот на Шпанија со Леганес и две во Шпанското првенство со Леванте.

На вкупно 18 натпревари на Ла Лига, Меси има 25 (14 голови + 11 асистенции) поени.

Барселона по 23 кола е втора на табелата со 49 бода, три помалку од лидерот Реал Мадрид.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП