29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple продал повеќе часовници од сите швајцарски брендови заедно

Apple продал повеќе часовници од сите швајцарски брендови заедно

Apple Watch не само што е најдобро продаван паметен часовник во изминатата година, туку успеа да ја надмине и целата швајцарска индустрија за часовници.

Според истражувањето спроведено од Strategy Analytics, Apple во 2019 година продал скоро 31 милиони паметни часовници, што претставува зголемување од 36 проценти во однос на претходната година. Во истиот период, целата швајцарска индустрија за часовници, вклучително и Swatch и TAG Heuer, продала вкупно 21,1 милиони часовници, со пад на продажбата од 13 проценти во однос на 2018 година.

Бидејќи Apple самостојно не го објави бројот на продадени часовници, Strategy Analytics собра податоци од нивните партнери за малопродажба. Според овие податоци, класичните аналогни часовници сè уште се најпопуларни кај постарите корисници, додека младите сè повеќе избираат паметни часовници и нараквици. Како заклучок може да се изведе дека традиционалните швајцарски часовници полека, но сигурно го губат здивот во „борбата“ против паметните часовници. Apple успеа да направи подобар, помодерен и поевтин производ кој е пожелен за помладите корисници.

Инаку, Apple Watch со години е лидер во категоријата паметни часовници, па дури и успеа во еден квартал во 2017 година да ги надмине швајцарските производители. Сепак, 2019 година е прва во која во сите четири квартали нивната продажба постојано била пред продажбата на швајцарските производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП