29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.02.2020

Дневен хороскоп 07.02.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе добиете многу интересен деловен предлог. Размислете добро пред било што да прифатите. Партнерот ги одредува правилата на емотивното однесување, а на вас ви преостанува да се помирите со неговата одлука.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате одлични идеи, но како да не можете да допрете до надредените. Време е да научите како да се истакнете. Во врската негативните мисли не ви се потребни. Обидете се да ги исфрлите од главата.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вашите соработници и пријатели имаат добри намери, па така ве очекуваат позитивни случувања. Немојте да се двоумите пред лицето кое ви упатува емотивни сигнали.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Внесете малку трпение во работата и сигурно ќе успеете да ги остварите зацртаните деловни планови. Внимателно анализирајте го тоа што саканото лице ви го зборува. Можно е нешто да крие од вас.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашата предност е во тоа што вашите соработници немаат доволно храброст да ви се спротистават. Надвор од својата волја ќе се соочите со партнерот кој упорно ве критикува. Не драматизирајте, обидете се да водите разговор.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Иако сте полни со енергија треба да имате во предвид дека денес не можете да остварите се што сте замислиле. Нема потреба да го мешате саканото лице во деловните одлуки кои ги правите.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Немате доверба во соработниците. Ве советуваме да не ги откривате своите планови. Ве погодува однесувањето на партнерот. Не ви одговараат постојаните изговори.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку ви е важно да остварите подобри резултати, би требало да ја промените деловната тактика. Слободните можат да очекуваат зближување со една личност од опкружувањето.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вложувате голем напор, но некој нема доволно почитување за вашите деловни резултати. Партнерот има одлични идеи и планови. Но тие не се вклопуваат со вашите, затоа поразговарајте со него.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Премногу сте затрупани со деловните амбиции, а всушност ништо не правите. Преиспитајте ја вашата емотивна врска. Изгледа дека многу работи шкрипат, но вие тоа не го забележувате.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Избегнувајте секаков вид на ризик во деловните преговори. Премногу сте попустливи кон саканото лице. Поради тоа партнерот ве искористува максимално.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Позитивно сте расположени. Обидете се да го пренесете тоа на работата. Нема причина за лажна скромност. Инсистирајте на совршеност. Оние во врска или брак се во хармонични односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП