19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го совлада Федерер и е прв финалист на Австралија опен

Ѓоковиќ го совлада Федерер и е прв финалист на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Австралија опен. Србинот во полу-финалето го доби тенискиот класик против Роџер Федерер со 3:0 (7/6, 6/4, 6/3) за два часа и 18 минути. Ова беше јубилејниот 50 дуел помеѓу Ѓоковиќ и Федерер, српскиот тенисер води со 27:23.

Ѓоковиќ ја продолжи фанатстичната низа на гренд-слем турнирите кога противник му е Федерер. Последен пораз од Швајцарецот, на некој од четирите најголеми турнири, Ѓоковиќ го доживеал во 2012 година, во полу-финалето на Вимблдон.

Ѓоковиќ лошо го започна мечот, влезе во машината на Федерер, кој иако имаше водство 1:4 и 0:40, а потоа и 2:5 и 0:30 не успеа да го заврши сетот.

Бранителот на трофејот успеа да се врати во сетот, избори тај-брејк, каде го сомеле противникот. Во 13 игра во првиот сет Федерер освои само еден поен.

Во вториот и третиот сет на Ѓоковиќ му беше доволен по еден брејк за да стигне до максимална победа над еден од своите најголеми ривали.

Србинот осми пат во кариерата ќе игра во финалето во Мелбурн, во претходните седум ја освојувал титулата.

Противник во завршниот меч ќе му биде подобриот од пресметката помеѓу Доминик Тим и Александар Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП