3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед најверојатно нема да се засили во јануари

Манчестер Јунајтед најверојатно нема да се засили во јануари

Фудбалерот од средниот ред, Бруно Фернандеш, најверојатно, нема да се пресели во Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок. Така, клубот веројатно ќе остане без аквизиции во зимскиот трансфер период.

Тренерот Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот изразија потреба да го зајакнат тимот со играч од средниот ред и напаѓач.

Англиските медиуми објавија информација дека Манчестер Јунајтед и Спортинг имаат преголема разлика во проценката на надоместокот за трансферот кој достигнува 20 милиони фунти. Во моментов, нема индикации дека преговорите барем напредуваат.

Покрај тоа, Манчестер Јунајтед се обиде да преговара со Единсон Кавани, кој го напушти ПСЖ, но Уругваецот избра да замине во Атлетико Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП