24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBloomberg: Apple од февруари ќе започне со производство на помал, поевтин iPhone

Bloomberg: Apple од февруари ќе започне со производство на помал, поевтин iPhone

Apple наскоро би можел да понуди нов, подостапен iPhone. Според Bloomberg, добавувачите од компанијата со седиште во Купертино, ќе започнат со составување на подостапен модел на iPhone почнувајќи од февруари. Исто така, според наводите, Apple новиот телефон ќе го претстави во март.

Извештаите, гласините и предвидувањата за поевтиниот iPhone модел започнаа да се појавуваат уште од минатата година. Некои од нив потекнуваат од аналитичарот Минг-Чи Ку, кој има добра репутација кога се во прашање предвидувања за состојбата во Apple екосистемот.

Ку и Bloomberg претходно истакнаа дека претстојниот достапен iPhone ќе изгледа како iPhone 8 и ќе има 4,7-инчен екран. Ќе се напојува со Apple A13 чипсет, кој се наоѓа и во iPhone 11 моделот. Во посебен извештај Bloomberg посочува, дека Apple неодамна од своите партнери побарал да го засилат производството на процесори со серија А.

Во извештајот, исто така се спомнува и дека телефонот ќе има вграден Touch ID во копчето за вклучување и нема да има Face ID поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП