1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДва бронзени медали за каратистите на Макпетрол од интернационалниот турнир -...

Два бронзени медали за каратистите на Макпетрол од интернационалниот турнир – Кроација Гранд При

Викендов во Самобор, Загреб се одржа 29 по ред карате турнир Кроација Гранд При, со пријавени рекордни 1930 спортисти, од 268 клубови и 22 национални репрезентации.

Каратистите на Макпетрол од Скопје, заминаа на овој турнир за да ја проверат својата форма непосредно пред настапот на Европското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец Февруари, 2020 година во Будимпешта, Унгарија.

Медалите ги освоија Стефан Стојановиќ во категорија јуниори -76 кг и Марија Петровска во категорија јуниорки -48 кг.

Стефан Стојановиќ до медалот стигна со пет победи и еден пораз во полуфиналната борба.

1 коло победи со HUSEYN HUSEYNZADE со 5-0

2. коло победи со ARIS NIKOLAS CELA (SL 3-2

3. коло победи со MYKHAILO ULIANITSKY 1-0

4. коло победи со MAHIR DŽUHO (OKINAW 2-0

5.коло полуфинале загуби од BETIM MALIQI (KOSOVA) 5-1

6. коло репасаж борба за бронзен медал победи со MATTEO FIORE (PIELLE) 2-1


Освојувачи на медали во категоријата на Стефан
Стојановиќ.

Јуниори -76

1. DANYLO KRAVCHUK, UKRAINIAN KARATE FEDERATION

2. BETIM MALIQI, Kosovo Karate Federation

3. ALEKSANDAR KALABIĆ, KK SOKOL

3. STEFAN STOJANOVIC, MAKPETROL


Марија Петровска имаше одличен н
астап и таа се наметна како спортистка на која може да се смета дека на Европското првенство ќе се замеша во борбите за висок пласман или медал.

1. коло победи со HUMAR ALIBAYOVA (A 4-1

2. коло победи со VERONICA VITALI (F&C) 4-3

3. коло победи со IREN HRISTOVA (BNFK) 1-0

4. коло беше поразена од POLINA MARCHENKO (U 8-0

5. коло борба за медал во репасаж победа со EMINA SIPOVIĆ (IPPONB 5-0)

Освојувачи на медали во категоријата на Марија Петровска:

Јуниорки -48

1. POLINA MARCHENKO, UKRAINIAN KARATE FEDERATION

2. KRISTINA TSVETANOVA, Bulgarian National Karate Federation

3. TAMARA GRČIĆ, Karate Federation of Serbia

3. MARIJA PETROVSKA, MAKPETROL

Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен турнир за младите возрасни категории. Посебно се квалитетни составите во кадети, јуниори и постари јуниори. Бидејќи ова е последна проба и контрола пред официјалното Европско првенство, кое треба да се одржи во Будимпешта Унгарија. Затоа во Хрватска допатуваа 22 национални репрезентации со своите комплетни пошироки состави. Ние освоивме две бронзени медали и поради тоа сме секако задоволни. Од нашите спортисти исто така добри борби прикажаа и имаа по две победи репрезентативците: Абдурахим Идризи, Витомир Трајковски и Викторија Јовановска. Сега ни преостанува последниве две недели да ги поправиме недостатоците кои ги согледавме и да им посакаме на младите репрезентативци да имаат добро претставување на Европското првенство.“ – кажа тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП