28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.01.2020

Дневен хороскоп 15.01.2020

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе чекорите кон успехот. Меѓутоа, вие стекнувате впечаток дека тапкате во место, но само стрпете се и бидете упорни. Вашата љубов ќе биде засилена, а чувствата разбудени. Проблеми со грлото и можно воспаление на ушите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Борбата за успех е нешто што ве обземало. Животот нема да ви биде едноставен, особено ако со себе постојано ги влечете нерешените проблеми од кои не можете да се ослободите. Промајата може да ви предизвика мигрена.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Хронично сте незадоволни со себе и она што досега сте го постигнале. Повеќето од вас најчесто имаат разработен план да дојдат до она што го сакаат изигрувајќи помалку наивно суштество. Чувајте се од можни повреди и изгореници.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Полни сте со идеи и добри деловни планови. Времето е многу важен фактор. Кога станува збор за љубовта со вас никогаш не се знае, секогаш сте во состојба да украдете нечие срце. Ќе бидете задоволни со здравствената ситуација.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Лојални сте им на своите блиски соработници и поради тоа можете да бидете пофалени па дури и наградени. Ја сокривате вашата навистина чувствителна природа под маската на грубоста, иронијата и сарказмот. Можни се болки во вратот и грбот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Секоја новост во работата за вас е дополнителен стрес. Многу сте привлечни за спротивниот пол, за што и самите сте свесни. Чувајте се од тајни врски. Ако бидете трпеливи, ќе успеете да ги разрешите здравствените проблеми кои ве оптеретуваат.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Се надевате на позитивни резултати за работите кои ги правите, но нема да оди се онака како што се надевате. Нетрпеливи сте кон партнерските грешки и маани, не сакате да чекате да се поправи. Чувајте се, можни се изгореници.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате претерано изразена желба за докажување. Чезнеете да бидете во подобри односи со партнерот, а не знаете како да му пријдете, односно да бидете поблиску до него. Извесно олеснување ќе донесе некое патување или контакт со лицата од далеку. Зголемена нервоза.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Околу секоја ситница правите голема галама и тоа повеќе не го криете од околината. Крај на едно и почетокот на ново љубовно поглавје е пред вас. За некои од вас тој процес ќе помине незабележано. Можни се проблеми со срцето, аритмија.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Малите недоразбирања на деловниот план можат да ја потресат позицијата на која се наоѓате. Не смеете да дозволите да влетате во еден куп работа и да го запоставите саканото лице. Добра здравствена ситуација, можност за мала главоболка.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можете подобро, а не сте ни свесни за тоа. Се чувствувате привлечни за спротивниот пол и тоа ви влева самодоверба и некоја внатрешна сила. Одморот и поголемото слободно време кое ќе го одвоите за себе ќе ви овозможи подобро да се чувствувате.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Со успех ќе ги решите сите горливи проблеми. Сепак, колку сте посакани и позаљубени, толку со поголем жар ќе ги извршувате нештата, па ќе дојдете и до добра сума на пари. Напнатоста и хроничниот замор нема да поминат додека не си посветите повеќе внимание на себе си и на своите потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП