3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално, Сетиен нов тренер на Барселона

Официјално, Сетиен нов тренер на Барселона

Раководството на шпанскиот фудбалски шампион Барселона го назначи Кике Сетиен за нов тренер на сениорскиот тим. Договорот со 61-годишниот стручњак е со важност до летото 2022 година.

Последниот клуб на Сетиен беше Бетис, од каде се замина по завршувањето на сезоната 2018/19. Пред тоа, работеше во Лас Палмас, Луго, Логроњес, Екваторска Гвинеја, Поли Ехидо и Расинг Сантандер.

Сетиен доаѓа на местото на Валверде кој ги предводеше Каталонците од јули 2017 година. Под негово водство, тимот двапати го освои првенството на Шпанија.

По 19 кола оваа сезона, Барселона е на делбата на првата позиција во Ла лига, заедно со Реал Мадрид имаат по 40 бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП