3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕХФ појаснија зошто го прогласиле Талески за МВП

ЕХФ појаснија зошто го прогласиле Талески за МВП

Македонија синоќа со драматична победа го започна настапот на 14 Европско првенство во ракомет. Кирил Лазаров во последната секунда постигна гол за победа над Украина 26:25. Лазаров мечот го заврши со осум гола, покрај него блескаше на голот Никола Митревски со 15 одбрани.

Поради тоа изненадувачки делуваше одлуката на ЕХФ за играч на натпреварот (МВП) да го прогласи Филип Талески.

ЕХФ образложи зошто Талески го добил признанието пред двајцата клучни играчи на Македонија, Лазаров и Митревски, во триумфот над Украина.

Левиот бек на Македонија постигна три гола од седум обиди, но клучен бил неговиот придонес во играта во двата правци, особено во одбраната каде што водеше голема борба со корпулентните Украинци.

Талески на теренот минал речиси 56 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП