Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,760.64 -0.03%    BUTE 3,075.00 2.5%    CEVI 567.00 -2.91%    GRNT 1,202.69 0.29%    KMB 7,231.37 -0.1%    MPT 79,852.73 -0.06%    SBT 3,200.00 2.17%    SDOM 30.00 0%    STB 1,200.00 -1.72%    TNB 17,636.98 0.24%    TTK 1,600.00 1.78%    ZILU 195.00 2.63%    ZPKO 2,539.00 19.99%    ZPOG 1,800.00 -10%    

CES 2020: Samsung Electronics ги претстави новите QLED 8K, MicroLED и Lifestyle телевизори

Време: 20:06

Датум: јануари 10, 2020

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Идеални за домашно кино и вмрежен живот, со подобрен квалитет на сликата, звукот и паметните опции

Samsung Electronics, на саемот CES 2020, ги претстави најновите MicroLED, QLED 8K и Lifestyle телевизори. Со претставувањето на  новите големини на екраните, квалитетот на сликата од 8K, развиен на база на вештачка интелигенција и иновативна технологија за прикажување, Samsung ги покажа уредите кои во 2020 година во целост ќе го променат телевизиското искуство.

„Корисниците секојдневно користат екрани со цел да работат, тренираат или купуваат од своите домови. Како што нашите животни стилови продолжуваат да еволуираат, исто така се менува и телевизискиот екран, со цел да им се понуди на корисниците пристап до омилените содржини, но и до информациите во реално време,“ изјави Jong-hee Han, претседател на оделот за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics. „Сега на корисниците можеме да им овозможиме поживо и повмрежено искуство на гледање на содржините од удобноста на нивниот дом, со користење на опциите подржани со вештачка интелигенција и 8K технологија.“

Понуда на 8K QLED уреди надградени со AI Quantum 8K процесор

Q950TS QLED 8K телевизорот е flagship уред на компанијата Samsung и е првиот 8K телевизор кој комбинира ултра-тенка форма, премиум 8K квалитет на сликата и импресивен заоблен аудио систем. Освен тоа, овој модел доаѓа со Infinity Screen екран кој достигнува дури 99 проценти на screen-to-body сооднос, со цел да се овозможи досега невидено гледачко искуство, без преседан.

„Во текот на оваа година, 8K резолуцијата ќе биде во фокусот на индустријата,“, изјави Joe Stinziano, директор на одделението за потрошувачка електроника во компанијата Samsung Electronics America. „Новите Samsung модели ја демонстрираат токму моќта на овој потенцијал.“

Со врвна 8K резолуција, овој модел дава најдобра LCD слика на пазарот. Опремен со AI Quantum 8K процесор, има вградена способност за креирање на 8K слика со помош на вештачка интелигенција и длабинско машинско учење, кое автоматски ја претвора содржината со послаб квалитет во 8K. Со функцијата Adaptive Picture, овој телевизор може да го прилагоди приказот на содржината на екранот според амбиенталните услови и засебните слики. Како двигател на овој flagship уред, AI Quantum процесорот ја придвижува и платформата за паметни домови насловена како Tizen, овозможувајќи им на корисниците подобрен квалитет на сликата, нови можности за користење на телевизорите и поврзување со други уреди, додека Tap View им овозможува содржината од телефонот да се прикажува на телевизорот со помош на само еден допир на двата уреди.

8K екосистемот продолжува да се шири, со цел да овозможи емитување на 8K плејбек содржина преку услугите како што е YouTube. Усвојувањето на AV1 стандардот овозможува подобра стапка на компресирање на содржината и подршката со HDR10+ технологијата, како и поефикасно прилагодување на големината на прикажаната слика, светлина и контраст.

Q950TS може да ја прилагоди и јачината на звукот на дијалогот во однос на позадинскиот звук. Дополнително, кога ќе се спои со HQ-Q800T soundbar уредот, кој ја освои наградата CTA „Best of Innovation“, звучниците на овој телевизор служат и како дополнителен аудио канал.

Надградената Universal Guide опција користи алгоритми на база на вештачка интелигенција за да се анализира видот на содржината која ја гледаат корисниците, како и услугите и ТВ каналите кои ги користат често, сè со цел да им понуди соодветни содржини согласно нивните интереси. Корисниците на Q950TS имаат на располагање и Samsung Health преку кој можат да имаат увид во својата активност, да го следат својот напредок како и фитнес целите со своето семејство.

MicroLED го предводи пазарот на домашната забава

Samsung го претстави домашниот, модуларен MicroLED телевизор, кој ја комбинира визуелната технологија на новата следна генерација со досега невидени можности за прилагодување. Со дијагонала од 75, 88, 93 и 110 инчи, MicroLED моделите се погодни за различни домови и животни стилови. Новите MicroLED модели од 88 и 150 инчи се одликуваат со ултра-тенок infinity дизајн, кој ги отстранува рабовите на уредот, создавајќи впечаток дека истиот е претопен и “споен” со ѕидот. Корисниците можат да поврзат и повеќе MicroLED панели, за да направат нови комбинации и да го прилагодат својот телевизор во посакуваниот простор.

Овие екрани го нудат најдобиот квалитет на слика во својата класа. Овозможуваат одлична длабочина на сликата, подобра резолуција и појасна и почиста слика со врвен степен на светлина од 5.000 нити. Користат и функции за прикажување на сликата врз база на длабинско машинско учење, со цел прикажување на највисок квалитет на содржината.

Lifestyle телевизорот,The Sero“, се префрла од вертикален на хоризонтален приказ

Samsung го проширува и портфолиото на своите Lifestyle телевизори, со новиот модел, The Sero. The Sero (на корејски значи „вертикално“), има можност да се префрла од вертикален во хоризонтален приказ – слично со паметните телефони или таблети. Сега корисниците ќе можат да уживаат во различни содржини, вклучувајќи ги друштвените мрежи, YouTube, како и своите видео снимки – во било која форма која им одговара на нивните уреди.

Насочен кон миленијалците и генерацијата Z, The Sero доаѓа со модерен дизајн кој се истакнува во секоја просторија и содржи низа на функции за прикажување на содржина на екранот дури и кога е исклучен. Овој уред ја освои CTA „Best of Innovation“ наградата на саемот CES.

„Корисниците денес очекуваат телевизорот во потполност да се вклопи во нивниот животен стил, а Samsung ја ре-дефинира улогата на екраните, конкретно со претставување на нови дигитални услуги и дизајни,“ изјави Grace Dolan, потпретседателка на одделението за маркетинг и комуникации во компанијата Samsung Electronics America.

За повеќе информации за телевизорите на Samsung во 2020. година, посетете ја https://www.samsung.com/.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 25 градови со најскапи кирии

    25 градови со најскапи кирии

    Deutsche Bank изготви годишен извештај за најскапи градови во светот за 2019 година, опфаќајќи 56 земји во светот. Извештајот се заснова на трошоците за живот…

  • Една лажичка е доволна! Вклучете го овој зачин во исхраната и гледајте како килограмите се растопуваат, а здравјето се подобрува!

    Една лажичка е доволна! Вклучете го овој зачин во исхраната и гледајте како килограмите се растопуваат, а здравјето се подобрува!

    За морската сол знаеме веќе со децении, во последните неколку години популарна стана хималајската сол, а дали знаевте дека постои и црна сол? Ако ја…

  • МФ ќе работи на усогласување со стандардите на ЕУ околу штетноста на хартијата на фискалните сметки

    МФ ќе работи на усогласување со стандардите на ЕУ околу штетноста на хартијата на фискалните сметки

    Ја разгледуваме новината воспоставена од Европската Унија за и ние да се усогласиме и доколку анализите утврдат дека можеме што поскоро да го направиме тоа,…

  • Ангеловска: 402 милиони евра поврат на ДДВ кон фирмите во 2019 година

    Ангеловска: 402 милиони евра поврат на ДДВ кон фирмите во 2019 година

    Минатата година фирмите добиле поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5 отсто повеќе во однос на 2018 година или дури 44 проценти…

  • Гвардиола: Веќе не сме заинтересирани за Ливерпул

    Гвардиола: Веќе не сме заинтересирани за Ливерпул

    Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, целосно го отпиша тимот од битката за титулата во Англија. „Граѓаните“ заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул, кои се…

  • Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

    Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

    Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect film for this moment. #honeylandmovie…

  • Ангеловска: Буџетот е во добра кондиција, интересите на граѓаните пред политичкото поентирање

    Ангеловска: Буџетот е во добра кондиција, интересите на граѓаните пред политичкото поентирање

    Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска порача дека Буџетот е во добра кондиција и оти финансиите се стабилни. Апелираше до политичките субјекти да се однесуваат…

  • Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

    Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

    Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова зголемување, Луксембург беше земја со…

  • Мурињо побара нов напаѓач во Тотенхем

    Мурињо побара нов напаѓач во Тотенхем

    Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо побара нов напаѓач. Причината за ова е сериозната повреда на Хари Кејн, кој нема да игра барем до април. За…

  • Јувентус и Барселона се во преговори за размена на играчи

    Јувентус и Барселона се во преговори за размена на играчи

    Екипите на Јувентус и Барселона преговараат за размена на играчи, пренесува „АС“. „Бјанконерите“ го сакаат хрватскиот играч од средниот ред, Иван Ракитиќ во своите редови,…