4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНема да верувате: Ова беше најпродаваниот гаџет за минатата година

Нема да верувате: Ова беше најпродаваниот гаџет за минатата година

Со крајот на 2019 година, станавме малку носталгични. Носталгијата може да ја обвиниме за тоа што гаџет на годината е избран Nintendo Switch Lite, кој се појави во септември и не потсети на едно минато време кога се играа игри „во движење“ на преносни уреди.

Додека паметните телефони имаат сè поголемо внимание во светот, многу е корисно да имате уред што е направен само за да играте игри.

Тој доаѓа во многу различни бои и за разлика од неговиот претходник, Nintendo Switch не е поврзан со ТВ, туку со мобилен телефон и може да се користи насекаде.

Новата верзија Lite е помала, полесна и поевтина. Чини околу 200 американски долари и можете да ги играте скоро сите игрици исто како на постарата верзија.

Switch беше најпродаван уред во 2019 година и е единствената платформа што покажува пораст од година во година. Само во текот на неделата кога се слави Денот на благодарноста, биле продадени околу 830,000  Nintendo Switch и Switch Lite уреди. Тоа била недела на најголема продажба во историјата на Nintedno Switch, кој е лансиран во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП