8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбра сака 70.000 на „Сан Сиро“ или нема да игра!

Ибра сака 70.000 на „Сан Сиро“ или нема да игра!

Новиот играч на Милан, Златан Ибрахимовиќ веќе утре од 15 часот би можел да го има новото деби за „црвено-црните“ на мечот против Сампдорија во Серија А – 18 коло. Тој е најавен во почетниот состав на тренерот Стефано Пиоли.

-Колку луѓе очекувате утре на „Сан Сиро“, 60.000?

„Сакам да дојдат најалку 70.000 или нема да играм“ – одговори во свој стил харизматичниот Швеѓанец.

Инаку Златан веќе го постигна првиот погодок по враќањето во составот на Росонерите. На пријателски меч со нисколигаш.

Милан 2019 година ја заврши со катастрофален пораз од 5-0 од Аталанта во Бергамо.

Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан напомена дека доаѓањето на Ибрахимовиќ не смее да биде алиби.

„Не смееме да го заборавиме тој пораз во Бергамо и не смее да се криеме позади широките рамена на Ибра. Мора да сме позитивни и концентрирани. Ибра е многу важен за нас, но јасно е дека мораме што попрво да направиме добри резултати“ – порача Бобан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП