29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВикенд хороскоп 04-05.01.2019

Викенд хороскоп 04-05.01.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бројни обврски се пред вас, па во текот на целиот викенд ќе бидете прилично активни. Подгответе се за напорна работа. Во љубовта доколку сте сами очекувајте контакт со лицето кое ви се допаднало, но не сте стапиле во врска.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов може да имате прилика да дојдете до дополнителна работа која може да ви обезбеди подобра заработка. Во љубовта можно е некои неразјаснети ситуации да стојат меѓу вас и партнерот.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Викендов е поволен за планирање и занимавање со деловна организација. Можете да очекувате успех на ова поле. Во љубовта оние во врска, најверојатно ќе одлучат да и стават крај.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нема да се покажете во најдобро светло во комуникацијата со соработниците. Ќе испаднете себични. Доколку сте сами ќе ви биде потребно малку повеќе време да ја освоите личноста која ви се допаѓа.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е надредените да имаат големи очекувања кога сте вие во прашање и сега е време да се покажете. Во љубовта потребно е на саканото лице да му пружите повеќе внимание.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Викендов е поволен ако се занимавате со собирање на некоја документација. Генерално викендов сите формалности ќе ви одат од рака. Во љубовта моментално ќе имате некаков застој.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да очекувате стабилност на полето за финансии. Ќе бидете задоволни од финансиските средства кои ви се собрале. Во љубовта викендов тешко ќе ги покажувате емоциите, но сепак нема што да загубите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потрудете се да се дистанцирате од луѓето кои ви сметаат. Сами најдобро знаете како да ја одработите својата работа. Доколку сте во брак, следи мала тензија во односите со саканото лице.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку сте брзоплети лесно ќе направите грешка на деловното поле. Потрудете се да се смирите и подобро ќе размислувате. На слободните им се допаѓа некоја личнсот која всушност ја запознале малку поодамна.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во деловното опкружување владее малку непријатна атмосфера бидејќи со некои соработници сте влегле во кавга. Во љубовта оние во врска или брак ќе бидат во одлични односи, а слободните ќе влезат во нова врска.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку во текот на викендов потпишете важен договор, тој можеби ќе ви донесе повеќе пари и значаен успех во иднина. Партнерот има некакви очекувања од вас, но вие не можете да ги исполните.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Потрудете се мирно и сталожено да го решите конфликтот кој ви искрснал на деловното поле. Во љубовта време е да направите конкретен чекор кон личноста која ви се допаѓа ако сакате да бидете со неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП