30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМареј може да биде најбогатиот британски спортист

Мареј може да биде најбогатиот британски спортист

andy-murray-2036711

Откако го освои Вимблдон, Енди Мареј е на пат да стане најбогатиот британски спортист, пишува „Express“, повикувајќи се на експертите.

Победата на Вимблдон беше кулминација на неверојатни 12 месеци за 26-годишниот Шкотланѓанец. Во моментов тој е актуелен олимписки шампион, како и шампион од последните изданија на Отвореното првенство во тенис на САД и на Вимблдон, па поради тоа може да се очекува неговото конто да порасне набргу до 200 милиони фунти (297 милиони долари), велат експертите.

Мареј, кој во моментов е на второ место на светската АТП листа добие чек во вредност од 1.6 милиони фунти (2.37 милиони долари) за победата на Вимблдон. Па така заработените средства од наградните фондови во неговата кариера веќе достигнуваат 29 милиони долари, а рекламните договори ја зголемуваат неговата состојба до над 47 милиони долари. Мареј може да очекува наскоро подобри финансиски услови во рекламниот договор  вреден 15 милиони долари со „Adidas“. Тенисерот има уште договори со „Head“, „RBS“ и „Rado“.

Маркетинг професионалците сметаат дека Мареј на крајот би можел да заработи пари колку и 17-кратниот шампион на Гренд Слем турнирите, Роже Федерер, а дури и повеќе. Швајцарецот освои 74 милиони долари на теренот, додека рекламните договори со „Nike“, „Rolex“, „Mercedes-Benz“ и „Credit Suisse“ му го зголемија неговото салдо до околу 150 милиони долари.

„Ако Мареј стане број 1 и доминира на теренот, тој може да освои пари колку Федерер. Мареј има 26 години, а Федерер нема да игра уште многу , додека Рафаел Надал има проблеми со повредите, затоа не е толку конкурентен и атрактивен. Луѓето во маркетингот го бараат следниот лидер и тоа може да е токму Мареј“, вели Најџел Кари, директор на компанијата за спортски маркетинг „brandRapport“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП