„Тесла“ ги испорача своите први автомобили изработени во Кина, означувајќи голема пресвртница за производителот на електрични возила, објави Би-би-си.
Петнаесет возила од моделот 3 „седан“ беа предадени во таканаречената компанија „Гигафактори 3“ во близина на Шангај. Ова следи откако компанијата на Елон Муск има за цел да обезбеди значителен дел од најголемиот светски пазар на автомобили.
Потегот на „Тесла“ во земјата доаѓа откако трговската војна ги принуди другите американски компании да го префрлат производството надвор од Кина.
За време на церемонијата во фабриката вредна неколку милијарди долари во Шангај, 15 нејзини вработени добиле автомобили што ги купиле.
Настанот значи дека испораките на автомобили почнаа нешто повеќе од една година откако почна изградбата на фабриката.
Tesla will deliver the first China-made Model 3 at Gigafactory 3 plant in Shanghai TODAY. The 15 customers who are slated to get their Model 3s first are Tesla employees. pic.twitter.com/bOTeR8wjUL
— Tesla Asia (@Tesla_Asia) December 30, 2019