26 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 28-29.12.2019

Викенд хороскоп 28-29.12.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Деловните односи донекаде ви се пореметени, но набрзо тоа ќе се подобри. Финансиската ситуација помалку ќе ве измачува, вашите примања се помали од моменталните трошоци. Размислете и пронајдете додатна заработувачка. Сентименталните односи ви се стабилни.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Подгответе се однапред за празниците ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Во љубовниот живот не ги сокривајте емоциите, бидејќи вашиот партнер не ќе знае што чувствувате кон него.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби ќе треба малку да се помачите и да се борите за некои работи, но тоа ќе ви оди од рака. Само немојте да подлегнете на негативните размислувања. Едноставно прифатете го она што можете сега да го направите и не очекувајте ништо повеќе.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Шаренилото кое сега го живеете се одразува на вашите лични односи. Најдобро ќе им биде на оние што се на одмор. Тие вистински ќе уживаат без премногу грижи. Останатите ќе се мачат со обврските.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Периодов ќе бидете несигурни во работата која ја работите особено во средување на некои документи. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми, исплатите кои ги очекувате ќе бидат помали, па не е исклучена можноста да се обратите некому за позајмица.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Треба да го размислите она што го кажувате. Комуникативниот Меркур влегува во вашата 2-ра куќа на самодоверба, па никој нема да може да ги промени вашите ставови. Во љубовта ситуацијата е одлична.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашите зборови ќе имаат огромна моќ во периодот кој доаѓа, па многу е важно да внимавате како ги користите. Комуникативниот Меркур ќе престојува во вашиот знак, правејќи ве моќен оратор. Со помош на интелектот ќе ја освоите личноста којашто ви се допаѓа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Напредувањето во кариерата ќе биде на повидок, но и финансиската стабилност. Потребна ви е уште поквалитетна организација, како на плановите, така и на самиот оперативен дел на работата. Така сите ќе бидете во добивка.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Периодов ќе го поминете сами, копнеејќи по социјализација. Ако сте во врска, поради нешто ќе бидете малку отуѓени. Приликите за љубов ќе ве одминуваат. Немојте да тагувате, оваа фаза ќе помине наскоро.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некои од вас ќе се соочат со сериозни професинални дилеми и ќе им биде потребно многу мудрост за да го повлечат правилниот конец. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегнете.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Периодов комуникативниот Меркур преминува во вашата 3-та куќа на дружбите, правејќи ве душата на секој собир. Ако сте сингл, потребно е да ја барате љубовта во вашето место на живеење, а не надвор од него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП