26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦела населба изградена со 3Д печатач (видео)

Цела населба изградена со 3Д печатач (видео)

Уште еден доказ за тоа како брзо напредува технологија денес е веста дека во Мексико е изградена првата населба со технологија со 3Д штампачи.

Идејата за проектот е покрената од непрофитната организација “New story”, а со цел да се обезбеди доделување на станови за социјално загрозените семејства.

Во населбата во градот Накајуки, во мексиканската област Табаско досега се вселени две куќи. Предвидено е таму наскоро да се населат вкупно 50 семејства.

Употребата на 3Д печатење во архитектурата значително напредуваше во последно време, така што новиот пристап кон станбената градба се свртува кон оваа најнова генерација на технологија.

Семејствата беа избрани во соработка со локалната самоуправа, според месечните примања, во просек изнесуваат 76 долари.

За новите живеалишта, тие сега ќе треба да плаќаат само по 21 долари месечно во следните седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП