23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро ќе можете да зумирате видео на Google Photos

Наскоро ќе можете да зумирате видео на Google Photos

Google Photos е еден од најдобрите начини да ги зачувате вашите слики во облак, која оваа компанија постојано ги надградува со нови функции. Во последното ажурирање на андроид апликацијата, Google Photos ви овозможува да го зумирате видеото како кај фотографија, со два прста да го развлечете видеото на екранот.

Таквото унапредување, се разбира, за прв пат е забележано на XDA Developers форумот, кај Google Photos v4.33 за Android. Оваа опција, која е прво воведена на социјалната мрежа Instagram, стана вообичаен начин за користење и прегледување видеа на интернет, па не е познато зошто оваа опција воопшто недостасувала. Со ова ажурирање, зумирањето ќе функционира и кај портрет или пејзаж видеа, а на тој начин ќе можете да го зумирате видеото или одреден дел од видеото кое едноставно сакате да го зумирате.

Сепак, сè уште не е познато дали оваа функција ќе излезе во скоро време, но и дали воопшто ќе стигне до корисниците со оглед дека е во фаза на тестирање и е достапна само за програмерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП