2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛиста на најлоши лозинки за 2019 година - нема премногу изненадувања

Листа на најлоши лозинки за 2019 година – нема премногу изненадувања

Во својот најнов извештај “Worst Passwords List”, компанијата за управување со лозинки “SplashData” прегледала преку пет милиони лозинки што се појавиле на интернет. Компанијата ги рангираше најлошите лозинки и ги прикажа нивните позиции во однос на минатата година (стрелката покажува колку места нагоре или надолу се поместиле лозинките во однос на претходната година).

На прво место и понатаму неприкосновена и убедлива е лозинката „123456“, а потоа ја следи „123456789“. Скок од шест места на листата оствари лозинката „qwerty“ која беше многу популарна во претходната година, додека и лозинката „123123“ се најде во Топ 10 на листата.

SplashData посочува дека и покрај големиот број на хакирани податоци, изложување на лозинки и други приватни информации онлајн, и понатаму се забележува дека огромен број луѓе користат најчесто лоши лозинки. Компанијата препорачува да користите password manager, како и генерирање на случајни симболи, за да се осигурате дека истите лозинки не се користат на повеќе страници.

Топ 10 листата на најлоши лозинки е подолу, а целосната листа може да ја видите овде.

123456
123456789 (↑ 1)
qwerty (↑ 6)
лозинка (↓ 1)
1234567 (↑ 2)
12345678 (↓ 1)
12345 (↓ 2)
иловејо (↑ 1)
111111 (↓ 3)
123123 (↑ 7)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП