5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTwitter тестира функција која овозможува додавање содржина во последниот твит

Twitter тестира функција која овозможува додавање содржина во последниот твит

Twitter изгледа експериментира со нова функција, која на корисниците ќе им овозможи да продолжат со додавање содржина во последниот твит кои го објавиле. Тестирањето е забележано од страна на дојавувач, кој објавил и скриншоти.

Функцијата која се тестира ќе олесни содржината на твитот да се продолжи директно од полето за внесување содржина. Потребно е да се напомене дека се тестира само можноста за продолжување на последниот твит, а нема информации дали ќе се промени и на постарите твитови.

За оние профили на кои е овозможена функцијата, последниот актуелен твит можно е да се надогради со притискање на копчето “compose” и упатување на “What’s happening?”. Потоа ќе се појави опцијата “Continue thread” под последниот твит.

Во моментов е непознато колку ова тестирање е распространето и дали Twitter планира опцијата да ја направи достапна за сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП