5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКоја е причината за вчерашниот прекин на Google сервисите?

Која е причината за вчерашниот прекин на Google сервисите?

Корисниците во одделни делови од Источна Европа, Иран и Турција вчера наутро доживеаа прекин на Google услугите, кој во зависност од локацијата траеше помеѓу 30 минути и два часа. Причината за овој прекин беше физички пресек на оптички кабел. 

Google ги упати интернет провајдерите во тие региони да се поврзат на нивните други сервери, за да се избегне проблемот додека не се санираат штетите.

Во своето официјално соопштение, компанијата за прекинот обвини „повеќекратно истовремено пресекување на оптичкиот кабел“, што е многу необична ситуација и тешко дека била случајна. Саџад Бонаби, директор на иранската компанија за комуникациска инфраструктура, изјави дека се случиле две пресекување на еден од главните оптички кабли. Едниот рез се случил на линијата помеѓу Иран и Букурешт, а другиот на линијата од Букурешт до Минхен. Тоа ги наруши комуникациите во регионот, но многу брзо беа воспоставени алтернативни патишта.

Засега не е дадено објаснување зошто каблите се пресечени, а Google најави дека ќе објави целосен извештај за овој инцидент во наредните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП