26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Polar пристигнува во 2015-та

Škoda Polar пристигнува во 2015-та

polar

Факт е дека „Škoda“ на темелите на концептот „Taigun“ на „VW“ развива нов кросовер кој ќе биде конкурент на „Nissan Juke“, „Peugeot 2008“, но и на „Daciа Duster“.

Се разбира „Polar“ како и десетина нови модели кои се под „капата“ на „VW“ ќе пристигне на веќе докажаната платформа „MQB“. Бидејќи платформата „MQB“ е неверојатно прилагодлива не се сомневаме дека „Polar“ ќе има сопствен карактер. Должината од приближно 4.100 mm открива дека „Polar“ е позициониран под првиот СУВ на „Škodа“, „Yeti“.

Веднаш на почетокот на продажбата ќе се нудат верзии со погон само на предната или на двете осовини што е во однос на конкуренцијата и многу очекувано.

Погонските единици ќе бидат превземени од моделите кои моментално се наоѓаат во понудата.

Првите примероци во продажните салони се очекуваат веќе во 2015-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП