26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Huawei P40 Pro пристигнува во март, без услугата на Google, но...

Новиот Huawei P40 Pro пристигнува во март, без услугата на Google, но со најсилна камера досега

Huawei во март ќе ги претстави P40 и P40 Pro телефоните, кои, како што е потврдено од првиот човек на компанијата, ќе бидат без услуга на Google, а како уредот би требало да изгледа покажаа првите фотографии.

 

Првиот новитет е дизајнот на камерите, кој се наоѓа во горниот лев агол во правоаголна форма слична на онаа која се користи кај Mate 20 Pro, со тоа што тој се наоѓаше на средината. P40 очекувано ќе има четири камери. Главната од нив има 64 MP Sony OX IMX686 сензор за OIS, втората е ултра широкопојасна со 20MP, третата 12 MP перископ-телефото, а последната е макро камера ToF 3D.

Помалиот модел од двата P40 доаѓа со OLED екран со големина од 6,1 или 6,2 инчи, додека поголемиот P40 Pro ќе има екран како „водопад“ закривен од сите страни и димензии од 6,5 или 6,7 инчи. Исто така, гласините говорат дека дисплејот на P40 Pro ќе има 120Hz, Quad HD + резолуција и ќе зафаќа 98 проценти од предната страна на телефонот.

Фотографиите што моментно се достапни не откриваат премногу за тоа каков пресек или круг ќе имаат новите телефони каде што е просторот за предната камера, но сигурно е дека таа нема да биде на принцип на поп-ап механизам.

Се очекува и дека P40 Pro доаѓа со батерија од 5.500mAh, брзо полнење од 50W со Kirin 990 и задолжителна поддршка за 5G мрежа.

Телефонот ќе работи на Android 10, но со нивниот EMUI 10, а без Google апликации и услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП