19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГума за џвакање стара 5.000 години го откри потеклото на древна Скандинавка

Гума за џвакање стара 5.000 години го откри потеклото на древна Скандинавка

Анализата на „гума за џвакање“ стара над 5.000 години го открива не само потеклото на древна Скандинавка која ја џвакала, туку и бојата на нејзините очи, бактериите од устата и што јадела, тврдат данските научници.

Тоа е прв пат ген од древен човек да е добиен од нешто што не е коска или заби, изјави Ханес Шредер од Универзитетот во Копенхаген, коавтор на истражувањето.

Тој скапоцен извор од древен ДНК, особено од периодот од коj ретки се човечките остатоци, е црникава мешавина добиена од загреана кора од бреза која многу добро е зачувана.

Во праисториските времиња често се џвакало, што покажуваат отпечатоците од заби во кората од бреза. Пастата која ја проучувале експертите во Копенхаген е откриена за време на археолошки ископувања спроведени од музејот Lolland-Falster во Силтолм, на југот на Данска.

Проучувајќи ја смолата од бреза, научниците откриле дека ја џвакала жена, веројатно со сини очи и темна коса. Според нивните истражувања, била генетски поблизу до ловците-собирачи на континентална Европа, отколку на централна Скандинавија, и како нив имала кафеава коса и сини очи.

Се работи веројатно за потомок на мигранти од западна Европа кои се преселиле во Скандинавија по повлекувањето на глечерот, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП