3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХаос на улиците на Барселона за време на „Ел класико“(видео)

Хаос на улиците на Барселона за време на „Ел класико“(видео)

Каталонските сепаратисти организираа протести во околината на стадионот Камп Ноу во Барселона каде што се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Натпреварот меѓу двата најголеми шпански фудбалски ривали, познат како „Ел класико“ требаше да биде одигран уште пред два месеца, но беше одложен од безбедносни причини како превенција од нереди по одлуката на шпанскиот Врховен суд за затворски казни за деветмината лидери на каталонските сепаратисти.

Протестот го организирараше таинствената каталонска група „Демократско цунами“, која по одлуката на Врховниот суд организираше демонстрации низ цела Каталонија.

Групата тврди дека се залага за мирна демократска непослушност, а главната цел е да ја натера Шпанија да преговара за правото на Каталонија на самоопределлување, како и да издејствува слобода за затворените сепаратисти.

Илјадници лица носеа знамиња на Каталонија и транспаренти со порака „Шпанијо, седни и разговарај“.

Уапсени се девет лица, а полицијата ги растера демонстрантите со фрлање пена. Протестантите, пак, фрлаа кон полицијата со стаклени шишиња.

Демонстрантите се собраа во близина на стадионот неколку часа пред почетокот на „Ел класико“, но до сериозни судири дојде за време на натпреварот.

Екипите на Барселона и Реал Мадрид одиграа 0:0 во одложениот дуел од десеттото коло на Ла Лига.

Ова е прво „Ел Класико“ без гол по 17 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП